август 14, 2019

Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – По одличните изданија на фестивалот „Вино и сирење 2019“ и „Денови на мед“, започнува манифестацијата „Охрид Крафт“.

Од вечерва, охриѓани и туристите, ќе имаат можност да се запознаат со занаетчиството и занаетчиите, односно со нивните производи и услуги.

Преку оваа манифестација, се води и кампања за поттикнување на младите да започнат да се занимаваат со занаетчиството, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

Манифестацијата „Охрид крафт“ ќе трае до 16-ти август. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука