Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на овој месец домашни експерти вршеа мониторинг на состојбата со нивото и загадувањето на Охридското Езеро.
Додека за месец март најавено е присуството на претставници од УНЕСКО. Тие ќе го разгледуваат извештајот за статусот и за преземените чекори по утврдената потенцијална опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион.
Се стравува дека можно е Охридскиот регион да се најде на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО поради плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот над Пештани, железничкиот коридор VIII, и изградбата на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60