News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 21, 2024

Скопје/Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По поднесената иницијатива од адвокатското друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид, Врховниот суд на почетокот на октомври 2024 година донесе одлука дека граѓаните можат да ја тужат државата поради загадениот воздух.

– Заклучно со месец октомври поднесени се 40-тина претставки, не само за квалитетот на воздухот, туку и за други прашања од сферата на животната средина. Од нив 20 се за квалитетот на воздухот. Темата животна средина е многу поширока и опфаќа цела палета на проблеми, изјави народниот правобранител Насер Зибери.

Граѓаните во постапка пред Управниот суд сега можат да бараат да се задолжат надлежните органи да ги донесат сите потребни документи од Законот за квалитет на амбиенталниот воздух и да тужат во управна постапка ако им е загрозено здравјето.

Ова е голем исчекор во нашиот правен поредок на рамниште со светот, изјави неодамна за „Слободен печат“ адвокатот Александар Гоџо од адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“ од Охрид.

– Ова прашање денес не се поставува само кај нас туку и во светот и тангира една нова генерација на права кои се изедначуваат со основните фундаментални човекови права и се предмет на операција на законодавните, извршните и судските органи. И Европскиот суд за човекови права се занимава со оваа проблематика, се радувам што оваа дебата се отвори кај нас и што Врховниот суд направи правнички исчекор во корист на граѓаните и на судскиот систем, истакна Гоџо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука