јануари 26, 2015

Битола, 26 . јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Непознати сторители во текот на вчерашниот ден оштетиле шест службени возила на УЈП – Регинална дирекција Битола.

Од страна на СВР Битола направен е увид на лице место при што е констатирано дека со остар предмет се оштетени 15 гуми на службените возилата паркирани пред зградата на УЈП Битола. Се преземаат опсежни мерки за откривање на сторителите.

Се  претпоставува дека ова е реакција на несовесни граѓани на редовните заеднички инспекциски контроли  на УЈП, МВР и Државниот Пазарен Инспекторат кои викендов се спроведоа на подрачјето на Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Ова е втор ваков инцидент оваа година, по случајот од Охрид каде, исто така, непознати сторители оштетија службено возило на УЈП.

Од Управата за јавни приходи им порачуваат на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека уништувањето на службените возила на УЈП или примената на други насилни методи, нема да го спречат нормалното функционирање на УЈП, ниту контролите.

– Напротив, ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон…работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, поради што контролите во наредниот период ќе бидат засилени, реагираат од УЈП. (Крај)

извор: ОхридПрес: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука