февруари 21, 2024

Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во февруари оваа година по повод 123 години од раѓањето на Корнелиус Боб Спелстра познат под псевдонимот А.Ден Доолаард беше одбележана посета во неговиот роден крај и неговиот дом.

Овој писател се смета за еден од главните фактори зошто Македонија е омилена дестинација за Холандските туристи. Со книгата „Свадбата на седумте цигани“ тој ја опишува нашата држава како место на светот кое не смеете да го пропуштите да го посетите со својата богата историја и културно наследство.

Крсте Пурцов кој е сопственик на музејот во Охрид изјави дека соработката која започна пред неколку години продолжува и ден денес и со тоа се зацврстува алката на ова прекрасно пријателство. Во Охрид во моментов е најголемата колекција во светот и воедно целосна библиографија на сите книги од писателот.

За сите заинтересирани кои сакаат да го посетат музејот може да закажат и организираат посета, додека во текот на летната сезона музејот во Охрид ќе биде отворен секој ден за посетители.

Пурцов додава дека наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за претстојната сезона, како и сите новости за културниот центар и музејот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука