септември 4, 2017

Охрид, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на полноќ истекува рокот до кога независните кандидати за градоначалници и за листи за советници треба да ги соберат потребните 350 потписи за да учествуваат во изборната трка на 15 октомври.

Во Охрид независна градоначалничка кандидатура поднесоа Горан Китевски и Стевчо Стевовски, а со независни советнички листи како носители излегоа Љупчо Настоски, Арбен Демироски и Владимир Суклоски.

Во општина Дебрца се собираат потписи за Јадранка Бибан за градоначалник и за Даниел Огненовски како носител на независна советничка листа.

Инаку, во меѓувреме до 9-ти септември, трае јавниот увид во избирачкиот список. Заклучно со 31-ви август проверка направиле 1314 охриѓани.

Според Роковникот, конечниот список за Локалните избори, ДИК треба да го заклучи најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид односно до 24-ти септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука