јануари 4, 2017

Охрид, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По три години ветувања за уредување на булеварот „Туристичка“, општина Охрид ќе го реновира просторот за пешаци и велосипедисти на најважната сообраќајница во градот.

Локалните власти кон крајот на декември го потпишале договорот за реконструкција на тротоарите на овој булевар, тежок над 10,6 милиони денари. Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Илинден“ од Струга во период од 12 месеци. Зафатот следува откако во ноември 2014 година беше распишан Конкурс за изработка на архитектонско решение за булеварот „Туристичка“.

Општинските власти лани го поништија огласот за подготовка на решение за партерно уредување и сообраќајно решение за целиот булевар, но истовремено во изминатиов период продолжија со изградбата на кружни текови на неговите најважни крстосници. Проектот за уредување на оваа сообраќајница треба да му даде посреден и поубав лик на градот, поаѓајќи од фактот дека „Туристичка“ се протега по целата должина на Охрид. (Крај)

извор: build.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука