декември 29, 2017

Абу Даби, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот денес по речиси шест месеци пауза поради повреда, а ривалот на егзибицискиот  турнир во Абу Даби ќе биде Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

Во четврт-финалето, Агут го победи рускиот тенисер Ендру Рублев 7: 5, 6: 2 и стигна до полуфинале со популарниот Ноле. Мечот се игра со почеток во 16.00ч.

Во второто полуфинале ќе играат Австриецот Доминик Тим и Кевин Андерсон од Јужна Африка. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука