Охрид, 11. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини, соопштија од нејзиниот кабинет.
Церемонијата ќе се одржи на платото пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид.
Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а со истото годинава ќе се здобијат 15 млади инженери од различни области, кои дипломирале на четири државни универзитети.
Манифестацијата се одржува во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на Претседателот на државата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива