јуни 22, 2024

Охрид, 22. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна сними верзија на синглот „Titanium“ на David Guetta и Sia, охриѓанецот Петар Маркоски продолжува понатаму со обработка и на „A Thousand Years“ на Christina Perri од 2011 година.

Песната оригинално беше дел од soundtrack-от на „The Twilight Saga: Breaking Dawn Part 1“, каде се опева љубовната врска помеѓу Edward и Bella.

Ова е само продолжение на успесите на Петар, кој благодарение на својот шарм и виртуозноста на виолина на својот Instagram профил брои повеќе од два милиони следбеници.

Дел го паметите и по неговите настапи од времето на „М2 Потрага по ѕвезди“, а можеби пак го препознавате токму по неговите волшебни видеа на неговиот профил на Instagram. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука