септември 27, 2017

Скопје, 27. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На шестите локални избори, кои ќе се одржат на 15-ти октомври, право на глас ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти Државната изборна комисија по заклучувањето на Избирачкиот список и спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид.

Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Локалните избори ќе се спороведат во 80 општини и во Градот Скопје на 3.480 избирачки места.

Во тек е изборната кампања која ќе трае до 13-ти октомври на полноќ. Вториот круг од изборите во оние места каде ќе има потреба, ќе се одржи на 29 октомври. (Крај)

извор: ОхридПрес/ДИК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука