Струга, 21. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на голем број верници од Охрид и Струга, и годинава, традиционално во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта започна одбележувањето на христијанскиот празник „Рождество на Пресвета Богородица“.
Овој празник, кој е познат и како Мала Богородица за стружани отсекогаш бил посебен бидејќи преку него успеале да ги задржат традиционалните вредности. Прославувањето ќе продолжи и денес кога пред чудотворната икона во манастирот се поклонуваат голем број посетители.
Во овој свет храм се наоѓа единствената икона во Република Македонија каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно. Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот. Се верува дека има неверојатна лековита моќ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива