Охрид, 6. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во сабота, на 7-ми декември 2019 година, ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“.
Со богослужбата, која ќе започне во 16:00 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во недела, на 8-ми декември 2019 година, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во понеделник, на 9-ти декември 2019 година, по повод празникот „Св. великомаченик Георги и преподобен Алимпиј Столпник“, во црквата „Св. великомаченик Георги“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Од Дебарско-кичевската епархија ги повикуваат верниците на заедничко прославување на овие празници. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива