Скопје/Охрид, 12. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот од Охрид, Сашо Василевски попладнево на јавна седница во скопска Апелација ќе побара укинување на притворот.
Василевски се сомничи дека на 27-ми април минатата година, заедно со другите пратеници ги отворал вратите од главниот собраниски влез пред да влезе толпата која ги предизвика немилите настани.
Во притвор во Шутка се и пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски, додека со мерката куќен притвор се опфатени пратениците Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.
Ваква одлука беше донесена на почетокот на месец декември, а пред крајот на 2017 година, мерките притвор и куќен притвор беа продолжени за уште 30 дена.
Во текот на денов се очекува судот да излезе со одлуки по дел од поднесените жалби. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива