март 5, 2017

Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во максимално позитивна атмосфера, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа првата од двете прелиминарни аудиции со кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR.ohridsuperstar1

– Денес поминаа сите кандидати, а целта беше нашите ментори да работат со кандидатите за да се разбие тремата, но и да се работи на песните со кои се претставуваат. Максимално сме задоволни од кандидатите кои се претставија во одлично светло и покажаа дека сите напори кои се вложени во тоа ова Шоу да изгледа така како што изгледа се оправдани, велат организаторите.

ohridsuperstar3Втората ваква аудиција ќе се одржи веќе следната недела со вториот дел од кандидатите. Во втората половина на март ќе следуваат и двете елиминациони аудиции, а во текот на април се предвидени и полуфиналната вечер и големото финале.

ohridsuperstar4Насоки на младите талентирани охриѓани и стружани како ментори им даваа Даниел Јовески, Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски, кои беа членови и на Жири Комисијата, како и Анита Мицова и Зоран Кречо.

ohridsuperstartziriКарајлиевски, Китрозоски и Јовески со вредни совети за младите таленти

– Ќе имаме навистина тешка работа затоа што верувајте сите се одлични во своите настапи и ќе биде предизвик за две недели кога ќе треба да исфрлиме некој од овие одлични кандидати, велат Китрозоски и Карајлиевски.

Најдобрите ќе се одбираат според гласовите на жири Комисијата и според гласањето на публиката, што ќе важи само за полуфиналната и финалната вечер.

ohridsuperstartvoditeliДаниел и Александра како водители на Ohrid SUPERSTAR

Организаторите на шоуто обезбедија богати награди за учесниците: парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и старт на Тв и Радио проект. Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook.

Снимката од првата прелиминарна аудиција ќе се емитува оваа недела на О2 телевизија. Повеќе фотографии од денешниот настан ОВДЕ.

Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука