Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално и годинава, првата тура на холандски туристи за оваа сезона во Охрид ќе пристигне на 2 мај.
Со првиот чартер лет холандски туристи од Амстердам ќе пристигнат во Охрид со авиокомпанијата „Корендон“.
Додека Тур-операторот „ТУИ-Холандија“ оваа година воведува уште еден чартер лет до Охрид, така што ќе има пет лета неделно.
Според најавите на странските тур – оператори, заклучно со минатиот месец има зголемување од 32 проценти на вкупните резервации за лето 2017 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21