Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Беа доделени наградите за најубаво украсен двор на конкурсот што го распиша Општина Охрид.
Годинава во избор на девет учесници, првата награда ја освоија Иванка и Бруно Гигер, второто место е за семејството на Наумче Неданоски, а третата награда за Антоанета Тасеска.
Првонаградените сопружници Гигер, средствата од наградата ќе ги донираат за семејството Садик, чиј дом неодамна беше уништен во пожар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
Прочитано: 22