Охрид, 1. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Првото новородено бебе во новата 2025 година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4.180 грама и долго 53 сантиметри.
Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во локалната Општа болница е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3.450 грама и долго 51 сантиметар.
Мајките и новородените бебиња честитки добија и од градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 99