Охрид, 28. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Супер позитивна атмосфера, прекрасен летен ден, одлична дружба и неповторливиот амбиент на плажата Ambrosia.
Денес сите елементи беа на своето место – тимот на „Тамаро“ маркетите, екипата на Супер радио и секако највкусните производи на „Винчини“ во рамките на првото издание на „Супер Винчини лето“ со водечките „Тамаро“ маркети и секако најслушаната локална радио станица, охридското Супер радио.
– Имавме две екипи кои се натпреваруваа во пет игри од кои три во вода и две на плажата на Ambrosia. Поминавме одлично, паралелно ги дружевме и слушателите на Супер радио преку пренос во живо од самото место и секако се наптреварувавме со моите нови пријатели од двете екипи. Сите игри беа прифатени добро, но некако последната како да им остави најголем впечаток на учесниците, а тоа беше јадењето „Винчини“ тортици за една минута, односно колку тортици може да изедат натпреварувачите во период од 60 секунди, вели водителот Даниел од Супер радио.
Плажата Ambrosia на 28-ми јули и 4-ти, 11-ти и 18-ти август ќе биде вистинското место за сите кои сакаат проверена забава, летни игри на плажа и во вода, но и многу вредни награди, изненадувања и многу вкусни „Винчини“ производи. Планирано е да се одржат интересни игри во вода и на плажата на Ambrosia, ќе имаме и Дџ и водители, со вклучување во живо на Супер радио и уште многу изненадувања. Екипите треба да имаат по 4 или 5 члена на возраст од најмалку 10 години. Пријавување на e-mail адресата: [email protected] или на телефонот: 075 45 32 95 преку целиот ден.
Подгответе се за уште едно „Винчини супер лето“ со „Винчини“, „Тамаро“ и Супер радио. Целиот настан се снимаше со неколку камери и дрон и во текот на следната недела ќе се емитува на регионалната О2 телевизија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес