Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид ги освоија првите две места на општинскиот натпревар по шах, во група големи од VII-IX одделение.
– Првите две места ги освоија учениците од „Св. Климент Охридски“. Прво место со освоени 5 бода – Огнен Мојсоски и второ место со освоени 5 бода – Јован Пуроски од VIII одделение. Првите три места обезбедија учество на престојниот државен натпревар, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 141