Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за бизнис психологија „Системски & НЛП“ во соработка со меѓународни професионалци, во мај во Охрид ќе организира инспиративни работилници.
Работилниците ќе се одржуваат од 25-ти до 28-ми мај во Охрид и ќе бидат под мотото „Just Me“.
– Бидете подготвени да ја видите својата убавина и да ги минимизирате сите негативности во вашиот живот, нештата што ве ограничуваат на вашиот пат кон среќата. На овие работилници со сигурност ќе ја најдете раката за поддршка кон промените, и со сигурност ќе го ослободите својот потенцијал. Ќе почувствувате дека сте силни, моќни, мудри и дека имате слобода да ги остварите и најлудите сништа, дека заслужувате прекрасен живот, хармонични односи, радост и мир, најавуваат организаторите. (Крај)
извор: Точка фото: архива