Битола, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Средношколскиот пленум од Битола ќе ја одржи својата прва средба оваа седмица.
Утре со почеток од 19:30 часот во Економското училиште во Битола ќе биде одржан првиот средношколски пленум на кој ќе присуствуваат битолските средношколци.
На пленумот ќе се дискутира за проблемите во средното образование. Вреди да се напомене дека на почетокот на неделата, некои средни училишта беа бојкотирани од страна на средношколците во форма на протест за воведувањето на предметот Математика како задолжителен предмет за полагање на државната матура. (Крај)
извор: fakulteti фото: архива
Прочитано: 28