Велешта, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Полициското одделение во струшкото село Велешта, во Основно училиште во селото, заедно со дефектолог и педагог, одржаа превентивно-едукативни предавања за штетноста од пиротехничките средства.
Притоа, низ интерактивен пристап, пред учениците и родителите, посебно беше потенцирана штетноста и опасностите од неовластено користење на петарди и други пиротехнички средства, односно им се укажа на можните повреди и нарушувања на психо-физичкото здравје кое петардите можат да го предизвикаат кај луѓето, посебно кај младата популација.
Учениците и родителите биле запознаени и со казнените одредби со кои се санкционира нелегалната употреба и продажба на пиротехника. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива