мај 20, 2017

Охрид, 20. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи предавање во чест на празникот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј.

Настанот е во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Почесниот Конзулат на Руската Федерација од Охрид, а во чест на празникот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

Предавањето е на тема „Староруска азбука како молитва“, а ќе се одржи со почеток во 12:00 часот во просториите на Библиотеката.

Св. Кирил и Методиј се творците на првата словенска азбука-глаголицата и основачите на Македонската литература. Солунските браќа се клучни личности во македонската историја. Ги штителе принципите на христијанството, а најголемата мисија која ја спровеле за ширење на христијанството и писмото-глаголицата била во Моравија. Заедно со 10-на свои ученици во 863-та година заминале во Моравија да ја шират мисијата на писменоста во кралството на царот Ростислав. На средбата со тогашниот папа во Рим, добиле дозвола и благослов и од него да продолжат со нивната благородна мисија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука