ноември 19, 2024

Охрид, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид и оваа година со повеќе активности се приклучи во одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица (18-ти до 24-ти ноември) под мотото „Сите сме нивни деца“.

На иницијатива на Клубот на млади, а во соработка со волонтерите на „Најди време” и Сојузот на борци на Охрид и Дебрца во просториите на Црвен крст Охрид се одржа предавање на тема дијабетес, насловено „Разбивање на бариерите, премостување на празнините”. Предавањето го одржа д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина и јавно здравје.

По предавањето, на присутните им беше овозможено мерење на шеќерот во крвта.

Како дел од активностите за одбележување на Неделата на грижа за стари лица до 22-ри ноември е отворен литературниот и ликовен конкурс на тема „Животот е убав“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука