мај 2, 2017

Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Студентите на насоката Царина и шпедиција (од сите години) на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, денес ќе имаат можност да присуствуваат на предавање кое ќе го водат претставници на Царинската управа на Р. Македонија.

Клиничката настава ќе биде во амфитеатарот со почеток од 11 часот.

Инаку циклусот на универзитетски студии по Царина и шпедиција според националната рамка на високообразовните квалификации припаѓа на универзитетски студии 240 кредити – VIA, со можност за продолжување на образованието и проширување и продлабочување на претходно стекнатите знаења и вештини со уште два семестри на втор циклус на студии. Во согласност со интердисциплинарниот и мултидисциплинарниот карактер, студиската програма по Царина и шпедиција претставува синергетска интеграција на полињата: организациони науки и управување, правни науки и економски науки.

Преку изучување на студиската програма по Царина и шпедиција студентите се оспособуваат за обавување на менаџерски активности, односно за управување со работните процеси во субјекти од царинско – шпедитерската дејност, како и субјекти кои остваруваат интеракциски односи од било кој вид со царинско – шпедитерската дејност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука