Лос Анџелес, 02. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Beverly Hilton, Американската филма академија, која го организира доделувањето на Оскарите, ќе приреди голема забава и дружба за едни од најсериозните кандидати за освојување на оскари годинава.
На дружбата најавено е присуството на актерите Steve Carell, Bradley Cooper, Marion Cotillard, Felicity Jones, Michael Keaton, Julianne Moore, Rosamund Pike, Eddie Redmayne, Reese Witherspoon, Patricia Arquette, Laura Dern, Robert Duvall, Ethan Hawke, Edward Norton, J.K. Simmons и Emma Stone.
Тројца од номинираните режисери, исто така ќе бидат дел од забавата: Richard Linklater, Bennett Miller и Morten Tyldum.
Настанот ќе може да се следи во живо прекуTwitter.
Оскарите годинава ќе се одржат на 22-ри февруари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива