Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Позначително дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне, па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео
Прочитано: 29