Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот музичар Ѓоко Танески уште еден викенд ќе ги забавува своите сограѓани.
Неговиот следен настап ќе биде во сабота во Cuba Libre Beach. Свирката ќе биде во пресрет на Денот на жената 8-ми Март.
Танески ќе се погрижи за добрата атмосфера со изведба на популарни македонски и странски поп, соул, поп-рок нумери, но и дел од неговите авторски популарни хитови.
Свирката ќе биде со почеток во 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23