Охрид, 6. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јавната расправа за предложените измени и дополнување на законите за туристичка и угостителска дејност, која требаше да се одржи денес е презакажана за четврток, 8-ми март.
Ќе учествуваат претставници на туристички агенции, хотели, туристички водичи и придружници. Покрај за законските измени, ќе се разговара и за такса за привремен престој, како и за мерките за подобрување на состојбите во туристичкиот сектор. Средбата е закажана за 11:00 часот.
Од 12:30 часот за истите теми ќе се разговара и со физичките лица кои вршат угостителска дејност-приватно сместување.
На јавните расправи ќе присуствуваат и претставници на Министерството за економија и Стопанската комора. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 53