Охрид, 12. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 14-ти февруари 2020 година, во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација на „Анализата на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.
Предавачи на темата ќе бидат проф. д-р Цветко Андреески и проф. д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.
Од општина Охрид испраќаат покана до сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани да присуствуваат на презентацијата, која ќе започне во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива