април 5, 2017

Скопје, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје во соработка со Центарот за економски анализи, ќе организира презентација на отворениот повик за апликации со цел формирање на мрежа за подобра легислатива – Мрежа „RIA”.

Настанот ќе се одржи на 7-ми април, петок, од 11:00-12:30 часот во ЕУ Инфо Центар.

„RIA” Мрежата е иницирана од проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” кој е финансиски поддржан од Европска Унија. Мрежата стратешки ќе се фокусира на добро владеење и квалитетно законодавство. Ќе биде креирана преку работилници, состаноци и он-лајн сесии со цел да мониторира и истражува. Преку имплементација на програма за мали грантови Членовите на мрежата заеднички ќе изградат платформа за да се постигне повисоко ниво на добро владеење во земјата. Членови на мрежата ќе бидат приближно 10 здруженија на граѓани кои ќе бидат селектирани преку овој отворен повик. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука