септември 6, 2022

Охрид, 6.септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од 8-ми до 10-ти септември Охрид за првпат ќе биде домаќин на фестивал на виното.

На „Кеј Македонија“, наспроти хотелот „Палас“ ќе се претстават 10-на македонски винарии, неколку увозници на вино, а во понудата ќе има и вина од Шпанија. Секако ќе бидат промовирани и автохтоните охридски вина. Идејата за организирање на вински фестивал во Охрид е присутна одамна, бидејќи и самите винарии имаат потреба од тоа, вели организаторот Пане Темов.

– Винската култура во Македонија не е новитет, одамна размислувавме за фестивал во Охрид, за тоа и винариите имаат потреба. Македонија е винска земја, многу винарии од странство купуваат грозје од кај нас,сакаат да дојдат и винарии од соседството. Ние правиме фестивал во Скопје и Кавадарци и имаме големо искуство со винската култура во Македонија. Во Охрид ќе се промовираат 10-на македонски винарии, ќе има вино и од винаријата на Ѓорѓе Балашевиќ, како и увозници на вино, рече Темов.

Нема достапен опис

Покрај презентацијата и можноста за дегустација на уникатни вина, „Охридскиот фестивал на виното“ ќе биде збогатен и со настапи на познати охридски и македонски изведувачи.

Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков изрази задоволство што ваков фестивал за првапат ќе се организира во Охрид и потенцира дека истиот ќе продолжи да се организира, само во друг период од годината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука