Охрид, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква – Водовод Охрид“ ги информира граѓаните дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Гоце Делчев“, „Петар Поп Арсов“, „Пере Тошев“, „Ариф Мустафа“, како и на дел од улицата „Бистрица“.
Прекинот, како што велат оттаму е поради отстранување на дефект што се појавил на водоводна линија.
Екипите на претпријатието се на терен и се очекува нормализирање на снабдувањето со вода во овој дел од градот по 15:00 часот.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34