Охрид, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Корисниците на вода од градскиот водовод на улицата „7 Ноември“ утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод“ од Охрид, причината е интервенција во водоводната линија и менување на шиберите.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 09:00 до 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21