Охрид, 2. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи.
– На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница. Забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д. Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп-Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште-граничен премин „Ќафасан“ по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива