Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на теренска посета на Општина Охрид каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.
Во 12:00 часот тој, заедно со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков ќе присуствува на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид. Со ова после 30 години, во склоп на ОУ „Ванчо Николески“ започнува изградба на спортска сала со обем од 592 м2, а во себе ќе вклучува повеќенаменско спортско игралиште.
Премиерот Мицкоски ќе присуствува и на увид во градежни активности при реконструкција на улицата „7-ми Ноември“, (влез од Битола). Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.
Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“, по што ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива