јуни 1, 2018

Охрид, 1. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Откако силните врнежи од дожд и невреме кое го зафати регионот на Охрид во текот на изминатиот период направија вистинско мало „езеро“ на паркингот кај пешачката патека, истото го направи невозможно паркирањето на овој потег.

Деновиве „езерото“ е скоро комплетно повлечено и голем број граѓани веќе ги паркираат автомобилите.

parkingezero2Станува збор за исклучително атрактивен дел од градот каде гравитираат популарните плажи „Куба либре“, „Кадмо“ и „Амброзија“ и овој паркинг е неопходен за нормално функционирање на овој дел од градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука