Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. февруари 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 27-годишниот А.Ц. од селото Ботун, општина Дебрца.
– При претрес во дом во Охрид, каде привремено престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 60