Претрес во Струга, пронајдена дрога кај лице од Албанија
декември 11, 2024

Струга, 11. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти декември 2024 година, во 12:50 часот во струшката населба „Езерски лозја“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 18-годишно лице од Република Албанија.

– При претрес во апартман, кој тој го користел, била пронајдена и одземена марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука