Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, вечерва со почеток во 20:30 часот ќе се игра претставата „Авантурите на Момо“.
– Претставата е резултат на еднонеделната јазично-театарска работилница на која учествуваа 60 ученици од партнерските улилишта на Гете-институт од Македонија, Албанија и Косово. Создадена е под водтсво на искусни театарски педагози од Германија и се заснова на сцени од романот за деца и млади „Момо“ од Михаел Енде. Целта на кампот, покрај подобрување на јазичните и креативните вештини, е меѓукултурна и младинска размена, информираат организаторите.
Додаваат дека влезот за сите посетители е бесплатен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 68