септември 23, 2017

Охрид, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот народен театар вечерва на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведе претставата  „Аналфабет“.

Претставата е работена според текстот на Бранислав Нушиќ, под режисерската палка на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Почетокот е во 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари.

Со оваа претстава нашиот театар учествуваше на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, потоа на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а го доби признанието Гран при за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“.

Инаку актерите ќе започнат и со подготовки на нови претстави за оваа театарска сезона, а ќе гостуваат и на неколку фестивали во земјава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука