Охрид, 18. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По гостувањето на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, со претставата „Аналфабет“, Охридскиот народен театар во сабота ќе ја изведе и пред домашната публика.
Претставата е работена според текстот на Бранислав Нушиќ, под режисерската палка на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Почетокот е во 20:00 часот, на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“, а цената на влезниот билет е 150 денари.
Со оваа претстава нашиот театар учествуваше и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а неодамна го доби признанието Гран при за најдобра претстава на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива