мај 11, 2024

Охрид, 11. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен Театар во НУЦК „Григор Прличев“ вечерва ќе ја игра претставата „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски.

Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски. Репризата е во малата сала при охридскиот Центар за култура, вечерва, сабота, 11-ти мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

Билети во продажба во Центарот за култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука