Охрид, 4. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најновата претстава на Народен театар Охрид „Кумови“, во сабота на 9-ти ноември 2024 година ќе биде повторно на репертоарот на Народен театар Охрид.
Претставата е работена по текст на Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Играат актерите: Адријана Билаловиќ -Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска- Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска- Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот, цената на билетот е 300 денари. Се продаваат од денеска, понеделник, 4-ти ноември 2024 година во билетарата при Центарот, секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведба на претставата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива