април 11, 2024

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски, ќе се прикажува на репертоарот на Охридскиот театар, вечерва, четврток, 11-ти април 2024 година, со почеток во 20:00 часот.

– Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек, информираат од Охридскиот театар.

Улогите ги толкуваат актерите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ- Вељаноска и Марија Новак.

Самото дејствие се случува во зграда, во стан модерно наместен со прекрасен поглед на градот, со убаво креирана костимографија. Несуден диригент на ова лакрдија е куќната помошничка која е постојано на сцената и со многу импровизации се обидува да ги оправда нештата кои се случуваат околу неа. Ова е претстава за љубовта, прељубата, за вербата и надежта, за ведрата страна на животот, за малите искри во секој човек.

Билетите се пуштени во продажба по цена од 250 денари. Резервации за претставата која ќе се игра во малата сала не се примаат и билетите ќе се продаваат само на билетарата при центарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука