Шоу за македонската духовна историја. Последните Македонци што ќе живеат во 2018 година, ќе се шегуваат дека Македонија на Фејсбук сe уште стои како ФИРОМ. Последните Македонци и во 2018 ќе се жалат од Законот против пушењето.
Ова, меѓу другото, е дел од претставата „2012 – Последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски, што ќе биде изведена во Струга, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, во вторник на 28-ми октомври со почеток во 19:30 часот.
Приказната е дело на Миленковски, во соработка со етномузиколози и музичари, и нe носи во 2012 година кога, според календарот на Маите, треба да се случи крај на светот. Но тоа не се случува, освен што исчезнуваат Македонците. Останале само шестмина, кои потоа одат на турнеја низ светот и ја раскажуваат приказната на македонскиот народ.
Супер радио