Охрид, 30. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид, под мотото „Културата расте со децата“, вечерва, на сцената кај ТЦ „Амам“ во 20:00 часот, ќе бидат одиграни драмските претстави „Ќерките на Фроса“ и адаптацијата на „Модерна бајка“.
– Претставите се подготвени од членовите на детското драмско студио „Цвет 75“ под раководство на Драгана Боцеска, информираат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 55