Охрид, 29. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Тројца претставници на УНЕСКО денес пристигнаа во контрола на Охрид.
Зад затворени врати, доцна попладнево, со претставници од власта, еколошките здруженија и граѓани ги разгледуваат урбанистичките проблеми на градот и напредокот по однос на препораките дадени во Баку, а веќе утре изутрина ќе тргнат во мониторинг на дивоградбите и севкупната состојба на Охридско-струшкото крајбрејжје, јави Тв24.мк.
Екологистите велат дека и денеска и утре на гостите ќе им го пренесат ставот дека целата досегашна акција е само шминка и ќе побараат во јуни да го стават градот на листата загрозени подрачја затоа што и понатаму цврсто стојат на ставот дека тоа е единственото решение за спас на природното и културното наследство.
Со ист став се и дел од граѓаните кои денеска дојдоа на состанокот да ги презентираат децениските урбанистички проблеми со кои се соочуваат и игнорантскиот однос на секоја една власт по однос на тие прашања.
Според агендата тројцата претставнции на УНЕСКО, освен на дивите градби утре ќе извршат увид и на кејот, колекторскиот систем, шанковите и плажите покрај езерото, струшкиот појас со трска и градежната офанзивата на автопатот. Претходно ја посетија и службата на Нацоналниот парк „Галичица“. (Крај)
извор: Тв24.мк фото: Тв24.мк