Њујорк, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Честото туширање е штетно за луѓето, предупредуваат дерматолозите од Њујорк.
Туширањето неколку пати на ден е културен феномен, во голема мера под влијание на рекламите за сапуни и гелови за туширање. Тоа, секако ја зголемува свеста за хигиената на населението, но има и негативни последици, велат стручњаците, според кои прекумерното капење и сушење на кожата, предизвикува иритации и ги уништува корисните бактерии, а го зголемува ризикот од инфекции.
Друга лоша навика на луѓето е да се искапат со многу топла вода. Водата за туширање треба да биде млака.
Научниците советуваат дека најдобро е да се тушира на секој втор ден или, доколку нема зголемена физичка активност, на секој трет ден. (Крај)
извор: ОхридПрес/NHL фото: архива